26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција стави 700 германски компании на црната листа

Турција стави 700 германски компании на црната листа

Турција им доставила на германските власти список со над 680 компании осомничени за поддршка на тероризам, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор во службите за безбедност.

Бројката е речиси 10 пати поголема од првично соопштената од германски медиуми.

Германски „Цајт“ објави вчера дека на списокот се големи концерни како Дајмлер и БАСФ.

Весникот објави дека турската Влада му доставила на Берлин листа на физички лица и компании за кои Анкара смета дека го поддржуваат тероризмот и дека се поврзани со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека стои зад ланскиот обид за преврат во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП