26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel покажува „мускули“ со Insignia GSi (фото+видео)

Opel покажува „мускули“ со Insignia GSi (фото+видео)

Германската марка „Opel“ откри „надуена“ верзија на новата генерација на предводникот „Insignia“. Автомобилот го добил додатокот „GSi“ кон своето име, а неговата официјална премиера ќе се одржи за време на автосаемот во Франкфурт.

Спортската модификација е опремена со 4-цилиндричен бензински турбомотор со зафатнина од 2.0 литри кој генерарира 260 КС, а максималниот вртежен момент е 400 Nm. Моторот е комбиниран со 8-степен автоматски менувач, при што брзините можат да се менуваат од воланот.

Интересно е дека новата „Insignia GSi“ отстапува како моќ на претходната генерација на „Insignia OPC“, но и покрај тоа дала подобро време на патеката „Нирбургринг“. Ова се должи на неколку иновативни пристапи преземени од страна на инженерите на „Opel“.

На прво место, машината е полесна и има помало тежиште. Во исто време моќноста на моторот при поголеми брзини се поголеми од оние на „Insignia OPC“. Засега од „Opel“ сепак не ги откриваат динамичките карактеристики на возилото.

Од стандардниот модел „Insignia GSI“ се одликува по големите хромирани отвори и задниот аеродинамичен спојлер кој обезбедува поголема потисна сила. Покрај тоа, машината е опремена со поефикасна систем за сопирање, со 20-инчни бандажи и адаптивни амортизери. Во кабината се појавиле спортски седишта, алуминиумски педали и кожен волан.

Не е за занемарување и фактот дека поспортската „Insignia“ од новата генерација на моделот го користи и модернизираниот систем за погон на четири тркала. Возачот има на располагање 4 режими – „Standard“, „Tour“, „Sport“ и „GSi“. Активација на секој еден од нив ја менува работата на суспензијата, управувањето, педалот за гас и трансмисијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП