26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever одговори на очекувањата со резултатите за кварталот

Unilever одговори на очекувањата со резултатите за кварталот

Британско-холандската компанија „Unilever“ го изострува својот фокус на профитабилност, така што ги зголемува цените и намалува трошоците во сите сфери – од летовите на вработените до состојките на производите. Основна причина за ова е дека голем број инвеститори се заинтересирани за гиганти во потрошувачките стоки, кои се борат со бавен раст, коментира „Bloomberg“.

Производителот на мајонезот „Hellman’s“ и сапунот „Dove“ во четвртокот рече дека се повеќе се стреми кон ефикасност во одговор на неуспешниот обид за купување од „Kraft Heinz“ и откако конкурентите „Nestle“ и „Procter & Gamble“ се покажаа под притисок поради активистите Дан Лојб и Нелсон Пелц.

Компанијата ги зголеми цените со 3% во вториот квартал кај истиот обем. Тоа и помогна основната продажбата да се зголеми со истиот процент. Акциите нејзини поскапеа за 1,2% во раната трговија во Лондон.

„Unilever“ изјави дека е постигнато штедење за над 1 милијарда евра во првото полугодие и е на пат да ја исполни својата цел од заштеди за 6 милијарди евра и 20% од основната оперативна маргина до 2020-та година. Компанијата заштеди 500 милиони евра преку иницијативи во синџирите на снабдување, вклучувајќи намалување на трошоците за состојките на прашоци за перење. Трошоците за рекламните агенции, исто така биле намалени за 17%.

Додека компанијата ги забрзува напорите за поголема ефикасност во второто полугодие, профитната маржа може да се зголеми со над 1 процентен поен за цела година, рече главниот извршен директор Пол Полман во разговор со аналитичари.

„Како што очекувавме, резултатите се силни – во голема мера во согласност со прогнозите за растот на продажбата, но изненадувачки при маргините“, коментира Ендрју Вуд, аналитичар во „Sanford C. Bernstein“.

Растот на основните приходи на компанијата се во согласност со средната оценка на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“, за 3,1%. Растот благо се крена спрема нивото од првиот квартал од 2,9%. Продажниот обем во периодот останува без промена, а цените се зголемуваат од 3% кои придонесуваат за повисоката продажба. Основната добивка се зголемува со 14,4% до 1,14 евра по акција.

Акциите на „Unilever“ поскапеле за околу 25%, откако понудата за купување од „Kraft Heinz“ беше направена јавна во февруари. Компанијата вети поголема профитабилност, откако ја одби понудата, како и зголемувањето на дивидендата со 12% и откуп на акции за 5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП