2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Ќе се интензивира економската соработка меѓу Македонија и Хрватска

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ.

На средбата станало збор за спроведување на економските реформи, особено за процесот на привлекување инвестиции во Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев порачал дека Владата ќе направи измени во концептот за привлекување странски инвестиции, кој ќе биде транспарентен, критериумите јавно објавени, а и домашните инвеститори ќе добијат исти услови како странските, што досега не беше случај.

„Работиме на нов модел за привлекување инвестиции, кој ќе биде транспарентен и ќе овозможи поголема соработка помеѓу домашните и странските компании. Ќе привлекуваме реномирани странски компании да дојдат во нашата земја, а паралелно ќе ги поттикнуваме домашните инвеститори технолошки да се развиваат, да бидат извозно ориентирани, воедно да станат добавувачи на странските, со што би го подигнале нивото на меѓусебна соработка. Странските инвеститори се добродојдени, но мора да ги развиваме домашните фирми, за одржлива економија која ќе продуцира повисоки стапки на раст“, потенцираше Анѓушев.

Соговорниците заклучија дека меѓусебната економска соработка треба да продолжи да се развива и дека поддршката од Република Хрватска на евро-атлантскиот пат на Република Македонија е многу значајна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП