19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗбогум татковино: еasyJet ги спакува куферите

Збогум татковино: еasyJet ги спакува куферите

Британската нискобуџетна авио-компанија „easyJet“ основаше нова компанија во Австрија со цел да се подготви за Брегзит.

Компанијата уште меѓу првите најави „пакување на куферите“ уште минатата година. Тогаш соопшти дека се започнати преговори со регулаторните власти на Европската унија за преместување на седиштето на компанијата од Велика Британија.

Новата компанија би требало да биде наречена „easyJet Europe“, а нејзиното седиште ќе биде во Виена. Новоформираната компанија ќе и овозможи на оваа британска авиокомпанија да продолжи непречено да лета во Европа после Брегзит.

Процедурата за акредитација е сега во поодмината фаза и компанијата се надева дека наскоро ќе добие дозвола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП