26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдоброто место за живот во светот има потреба од странска работна сила

Најдоброто место за живот во светот има потреба од странска работна сила

Данска е најдоброто место за живот во светот, покажува неодамна објавениот рејтинг, подготвен од Мајкл Д. Портер од Харвард, пишува „Bloomberg“.

Во истражувањето се земаат во предвид фактори како пристап до интернет, домување по пристапни цени, здравство и слобода на изразување. Резултатите покажуваат дека парите не се единствениот клуч за среќата. САД, кои имаат повисок бруто домашен производ по глава на жител во споредба со Данска, се на 18-то место во студијата.

Владата на Данска признава дека, сепак, земјата се соочува со голем број предизвици. Економијата се бори поради недостиг на високо квалификувани професионалци.

Невработеност во Данска

Дел од проблемот е се поизразеното верување дека Данска станала премногу строга кон странците. Локалните медиуми се исполнети со примери за строгите имиграциски закони во земјата во однос на работата. Еден од нив е за данскиот астрофизичар, кој не успеал да започне нов живот во татковината со сопругата која е од САД.

Бидејќи Владата има една јасна цел – да привлече квалификувана работна сила, законите кои го отежнуваат пристапот до данскиот пазар на труд, веќе не се посакувани. Напорите на кабинетот сепак да ја пренесе на светот правилно имиграциската политика во земјата не се крунисани со успех.

Данска е раководена од централнодесничарска малцинска коалиција, која се држи на власт благодарение на поддршката на антиимигрантската данска народна партија. Групата, поддржана од околу една петтина од електоратот, сака од Данска да воведе гранични контроли, да излезе од Шенгенскиот договор за слобода на движење и да престане со прифаќање на бегалци.

Либералната партија, која е на власт во 12 од последните 16 години, ги направи имиграциските правила построги. Промените вклучуваат намалување на финансиската поддршка за барателите на азил и отежнување при стекнувањето на државјанство од странци.

Пораст на населението на Норвешка, Данска и Шведска

Без странци сепак Данска нема да се справи со недостигот на работна сила. Локалната работна сила не е мотивирана од намалувањето на даноците, што го отежнува обезбедувањето на фискален импулс за растот.

Данската економија се уште се опоравува по падот на станбениот пазар и светската финансиска криза. Растот во оваа и следната година се очекува да се стабилизира на 1,7% во однос на 1,3% во 2016-та година. Без преземање мерки економскиот раст од 2-3% ќе е тежок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП