26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтомобилската индустрија е од огромно значење за економијата на ЕУ

Автомобилската индустрија е од огромно значење за економијата на ЕУ

Автомобилската индустрија е од огромно значење за економијата на Европската унија (ЕУ) и игра важна улога во меѓународната трговија. Нови и користени возила претставуваат 11% од вкупната вредност на извозот на ЕУ во 2016-та година, но само 4,5% од вкупната вредност на увозот, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Еуростат“.

Податоците покажуваат дека САД се главен трговски партнер на ЕУ, а меѓу земјите членки Германија е водечкиот извозник на моторни возила.

Во 2016-та година ЕУ има извоз на моторни возила во вредност од 192 милијарди евра. Увозот во истата година изнесува 40% од оваа вредност (77 милијарди евра), што доведува до трговски суфицит во ЕУ од 128,2 милијарди евра.

Во 2016-та година, САД остануваат главна дестинација за извозот на моторни возила во ЕУ (25% од вкупниот број), далеку понапред од Кина (16%). Заедно со Турција (7%), Швајцарија и Јапонија (и двете по 5%), тие сочинуваат повеќе од половина од надворешниот пазар на ЕУ.

Повеќе од половина од увозот на приградски моторни возила во 2016-та година доаѓа од Турција (20%), Јапонија (19%) и САД (14%).

Во исто време Германија е и најголемиот увозник на моторни возила во минатата година со околу една четвртина од вкупната вредност на увозот.

График: Основни партнери за извозот

Податоците на „Еуростат“ покажуваат дека во 2014-та година ЕУ има увезено повеќе моторни возила од Турција отколку од Јапонија, која оттогаш била најголем партнер. Иако уделот на Турција порасна малку од 18% во 2013-та година на 20% во 2016-та година, во апсолутна смисла увозот се зголемува од 9,5 на 15,3 милијарди евра. Во истиот период увозот на ЕУ од Јапонија во апсолутни вредности расте малку помалку од 10,6 на 14,5 милијарди евра, што доведе до пад на уделот на Јапонија од 21% на 19%. Во 2016-та година, САД (14%), Јужна Кореја (10%) и Кина (8%) се третиот, четвртиот и петтиот по големина партнер, од кои ЕУ увезува моторни возила.

График: Основни партнери за увоз

Ако ја погледнеме трговијата со моторни возила од поединечните земји членки само Германија е одговорна за повеќе од половина (53%) од вкупниот извоз на ЕУ во 2016-та година. Велика Британија се рангира на второ место со удел од 13%. Во релативна смисла, односно во споредба со нивната заедничка трговија надвор од ЕУ, извозот на моторни возила од Германија претставува 20% од вкупната трговија. Овој наслов е надминат само од Словачка (43%).

Просечниот годишен раст на извозот на автомобили од ЕУ е 2% меѓу 2013-та и 2016-та година, при што околу половина од земјите членки покажаа зголемување на извозот на моторни возила. Просечните стапки на раст се особено високи во Хрватска (+ 41%) и Словенија (+ 22%), иако нивните удели остануваат незначителни. Во истиот период увозот порасна многу побрзо во просек за 14% годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП