26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Хрватска се намали на 11,7 проценти

Невработеноста во Хрватска се намали на 11,7 проценти

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска опадна во мај оваа година на 11,7 проценти од априлските 13,2 проценти, намалувајќи се четврти месец по ред.

Тоа е најниската стапка на невработеност од 2000 година, односно од кога официјалната статистика го следи тој показател, известува агенцијата Хина.

Во однос на мај 2016 година, стапката на невработеност во Хрватска во петиот месец од тековната година опаднала за 2,6 проценти поени, со оглед на тоа дека тогаш изнесувала 14,3 проценти.

Падот на стапката на невработеност на месечно ниво беше очекуван бидејќи според претходно објавените податоци на Хрватскиот завод за вработување, на крајот на мај биле регистриани 180.733 невработени лица.

Тоа е намалување од 11,5 проценти или за 23.583 лица, во однос на претходниот месец, а во однос на ланскиот мај тоа е помалку за 22,2 проценти, или за 51.594 лица, се наведува во информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП