26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишани првите договори на Министерот за финансии

Потпишани првите договори на Министерот за финансии

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ги потпиша првите договори откако стапи на министерската функција, а се поврзани со изградба на капитални проекти во руралните средини на Република Македонија.

„Денеска потпишуваме договори за изградба на детска градинка во општина Сопиште и изградба на локални улици и подобрување на водоснабдувањето во општина Чешиново-Облешево. Изградбата на инфраструктура во руралните средини е еден од приоритетите на реформската Влада. Вложувањата во изградба на градинки, училишта, патишта и енергетика се вложувања во трајни добра од кои директна корист имаат граѓаните на Република Македонија. Тие придонесуваат за одржлив економски и социјален развој и воедно ги намалуваат разликите помеѓу урбаните и руралните заедници“, изјави Тевдовски.

Средствата за овие проекти се обезбедени со грант од Европската Унија. Грантовите што преку ИПА програмата се доделуваат денеска на општините Сопиште и Чешиново-Облешево се во вкупен износ од 237.733 евра.

„ИПА програмата за рурален развој е од особена важност за Република Македонија. Преку оваа програма предвидено е да бидат доделени 20,7 милиони евра во различни општини во земјава. А, како министер за финансии ќе се заложам да има поголема искористеност на фондовите што Европската Унија ни ги дава на располагање“, изјави Тевдовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП