26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка не штеди, нуди богатство а не смее

Норвешка не штеди, нуди богатство а не смее

Норвешка понуди рекорден број на блокови за експлоатација на нафта во подрачјето на Арктикот, и покрај протестите на групата за заштита на животната средина.

Норвешкото министерство за нафта и енергетика на нафтените компании им понуди 93 блока во Баренцовото море и девет во Норвешкото море, при што сите се над Арктичкиот круг, пренесува агенцијата Франс прес.

„Со новите површини за експлоатација се промовира долгорочната активност, создавањето на вредности и профитабилнто вработување во нафтената индустрија ширум земјата“, изјави норвешкиот министер за енергетика Терје Совикнес.

Норвешката агенција за заштита на животната средина, Директоратот за рибарство и норвешкиот поларен институт се спротивставија на отворањето на повеќе од десетина блокови, бидејќи тоа, како што тврдат, е доказ дека норвешката влада не ги почитува климатските цели на кои се обврза со потпишувањето на Парискиот договор за борба против климатските промени.

Нафтените компании имаат рок до 30-ти септември да аплицираат, а првите лиценци, како што се очекува, ќе бидат издадени во првата половина од наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП