26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиосферниот резерват – голема инвестиција за иднината на Охрид и Преспа

Биосферниот резерват – голема инвестиција за иднината на Охрид и Преспа

Во јуни 2014 година, во Јончепинг, Шведска, на сесијата на Советот на МАБ Комитетот на УНЕСКО, акламативно беше донесена одлуката за прогласувањето на регионот Охрид-Преспа за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО.

Регионот Охрид-Преспа е еден од само 15-те вакви препознаени региони во светот.

Таканаречените „биосферни резервати“ се подрачја во кои човековите активности се насочени кон одржливо искористување на природните ресурси и обезбедување соодветни услови за луѓето да живеат во хармонија со фауната и флората.

„Создавањето биосферен резерват е сублимат на сите постојани заштитени појаси во регионот и таквиот статус треба да го засили интересот во светот за нашиот регион како од еколошки така и од инвестициски аспект. Луѓето и биосферата се едно тело преку одржливиот развој, а биосферниот резерват е огромна инвестиција за иднината на Охрид и Преспа“, вели Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Како што објаснува Паноски, овој статус подлежи на многу строги критеруми и високи стандарди во заштитата на природната околина и живиот свет. Практично две езера, кои припагаат на три соседни земји, се третираат како единствено сливно подрачје. Особено што е научно докажано, со примена на изотопи во испитувањата, дека Преспанското и Охридското Езеро имаат директна врска.

Во регионот на Мала Преспа, на албанскиот дел, понира водата, која се складира во подземни огромни базени и под планината Галичица се спушта во Охридското Езеро, во мноштво подводни извори, додека најголем е оној кај Свети Наум.

Практично, од Свети Наум, од извориштето, почнува и преку езерото оди текот на реката Црн Дрим, која, пак, прави директна врска, преку Дримскиот басен, со Јадранското Море.

Вредноста на поширокиот регион одамна ја препознал светот, што отвора големи можности за странски вложувања во проектирањето и одржливиот развој.

Германската КФВ за петгодишниот проект – Национален парк Преспа инвестира 3.5 милони евра, со кои е реконструирана и внатрешно опремена зградата на паркот во Долна Горица, купени се џипови и мотоцикли за зачувување на шумите, како и глисер за зачувување на езерото.

Општина Пустец во соработка со општина Преспа од Грција успеа да добијат заеднички проект од ИПА фондовите за погранична соработка, во вредност од 168 илјади евра, од кои се купени три туристички бродчиња, две за Грција во Големото и Малото Преспанско Езеро, додека едно во Големото Преспанско Езеро во Албанија.

Тие работат на сончева енергија за да не го загадуваат езерото. Овие бротчиња се употребуваат за туристички прошетки по преспанските езера од страна на туристите од трите држави и секое бротче има по 15 места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП