26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix ги надмина кабелските телевизии по број на претплатници во САД

Netflix ги надмина кабелските телевизии по број на претплатници во САД

Доминацијата на кабелските телевизии официјално заврши.

Најголемите снабдувачи на кабелска телевизија во САД сега вкупно имаат помалку претплатници од стриминг услугата „Netflix“, коментира „Quartz“. Кон крајот на март 2017-та година кабелските телевизии имале вкупно 48,6 милиони претплатници во САД наспроти 50,9 милиони на „Netflix“, покажуваат податоците на „Statista“ и „Leichtman Research Group“ која ги следи најголемите кабелски оператори како „Comcast“, „Charter“, „Altice“, „Mediacom“ и „Cable ONE“.

Ако другите големи услуги за стриминг како „Hulu“, која има 12 милиони платени претплатници на крајот на мај, се вклучени, се разликата на кабелските телевизии од стриминг услугите ќе е многу јасно изразена.

„Netflix“ и други постпејд платформи за видео се значително поевтини од кабелските телевизии. Стандардниот пакет на „Netflix“ чини 9,99 долари месечно во САД, а просечниот проширен кабелски пакет, кој вклучува стандардни канали како „Fox News“ и „ESPN“, е околу 69,03 долари месечно.

Некои луѓе имаат како „Netflix“, така и платена телевизија. А провајдери како „Comcast“ им даваат на клиентите пристап до „Netflix“.

Базата на претплатници на „Netflix“ во САД сепак слабее во споредба со поширокиот пазар на платена телевизија, кој вклучува сателитски оператори како „DirecTV“ и „Dish Network“, телевизиски услуги од телекоми како „Verizon Fios“ и интернет базирани услуги како „SlingTV“ и „DirecTV Now“.

Корисничката база на „Netflix“ сепак расте, додека онаа на платената телевизија се намалува. Генерално топ операторите меѓу платените телевизии, следени од „Leichtman“ и претставуваат околу 95% од американските претплатници имаат околу 93,3 милиони претплатници во првиот квартал од 2017-та година – со 1% помалку во однос на претходната година.

Телевизијата не е единствениот пазар, кој „Netflix“ и конкурентните играчи како „Amazon Prime Video“ го напаѓаат. Тие се натпреваруваат и со кината со своите филмови, продуцирани специјално за стриминг услугите, а само дел од нив се емитуваат во кината.

Пазарот за платени видео услуги се очекува да надвладее над филмската индустрија во земјата, со годишни приходи до 2019-та година, се наведува во „PricewaterhouseCoopers“ во годишниот медиумски извештај од овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП