Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,998.40 -0.03%    GRNT 820.00 0.49%    KMB 3,323.14 -0.67%    MKSD 239.00 19.5%    MPT 29,500.00 0%    MTUR 4,199.00 -0.02%    OHB 5,050.00 0%    OKTA 3,700.00 2.78%    RMDEN16 94.80 0%    RZLV 53.00 -1.05%    RZUS 134.00 -0.56%    SBT 2,101.00 -1.82%    STB 940.57 0.06%    STIL 144.97 -0.02%    TEL 300.00 1.35%    TETE 2,170.00 2.79%    TPLF 1,627.92 4.65%    

Денес официјално започнуваат преговорите за Брегзит

Време: 11:31

Датум: јуни 19, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Велика Британија и Европската Унија (ЕУ) денеска во Брисел официјално ги почнуваат преговорите за повлекување на оваа земја од членството во Унијата. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на крајот на март 2019 година, две години откако британскиот премиер Тереза Mej, на 29 март оваа година, официјално ja почна постапката за повлекување.

Првата фаза на преговорите треба да се однесува на постигнување договор за три прашања – за судбината на европските граѓани во Велика Британија и на Британците во ЕУ, за границата со Ирска и финансиите, како и за износот на финансиските обврски на Лондон кон ЕУ.

Мишел Барние, преговарачот на Европската комисија, претходно изјави дека за овие прашања се очекува договор меѓу октомври и декември оваа година.

Втората фаза од преговорите ќе се однесува на иднината на трговските односи на Велика Британија со ЕУ, при што конечен договор се очекува меѓу декември 2017 и пролетта 2018 година. Договорот треба да биде финализиран до октомври 2018 година, но и натаму останува период од шест месеци, до март 2019 година, кога треба да заврши процесот на ратификација на официјалното излегување на Велика Британија од ЕУ.

Во Велика Британија постојат спротивставени ставови за начинот како да се изведе Брегзит, при што премиерката Тереза Меј тврди дека „немањето договор е подобро од лош договор”, додека министерот за финансии, Филип Хамонд, сака „меко излегување”, така што преку транзицискиот период да се зачуваат работните места и растот. Брегзит значи и сигурно напуштање на единствениот пазар и царинската унија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • МАНУ објави оглас за секретар, платата е 44.702 денари

    МАНУ објави оглас за секретар, платата е 44.702 денари

    Македонската академија на науките и уметностите објави оглас за вработување на секретар на Секретаријатот на МАНУ. Нето платата е 44.702 денари. Кандидатите треба да имаат…

  • Пробиена психолошката граница: Биткоинот повторно над 10.000 долари

    Пробиена психолошката граница: Биткоинот повторно над 10.000 долари

    Биткоинот повторно се искачи на 10.000 долари по падот во последните две недели. Експертите велат дека ова психолошко ниво може да донесе нов ентузијазам на пазарот на…

  • ЈП за државни патишта за два месеца вработиле 99 луѓе

    ЈП за државни патишта за два месеца вработиле 99 луѓе

    Со новите шест работни места огласени во четвртокот Јавното претпријатие за државни патишта за два месеци ќе вработи вкупно 99 лица. На почетокот на јануари…

  • Од утре локални врнежи од дожд

    Од утре локални врнежи од дожд

    Под влијание на серија влажни бранови од утре се очекува промена на времето со повремени локални врнежи од дожд и снег на планините. Врнежите ќе…

  • Шилегов: Универзална нема да се гради поради долговите за „Скопје 2014“

    Шилегов: Универзална нема да се гради поради долговите за „Скопје 2014“

    Универзална сала нема да се гради и годинава. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вели дека нема пари ниту Градот ниту Министерството за култура за реализација…

  • График на денот: Како европските банки се справуваат со лошите кредити

    График на денот: Како европските банки се справуваат со лошите кредити

    Лошите кредити остануваат вистинско бреме за европските банки – 944 милијарди евра кои тежат на сметководствените биланси, коментира „Bloomberg“. Според економистите купот заостанати долгови им…

  • До 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите

    До 2050 година речиси 80 проценти од светската популација ќе живее во градовите

    Кон средината на 20. век само триесет проценти од светското население живеело во метрополите, додека денес живеат речиси 50 проценти. Обединетите нации прогнозираат дека до…

  • Шеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

    Шеста по ред сесија на раст на Dow и S&P 500

    Американските акции запишаа претежно зголемување во петокот, откако ја завршија шестата по ред сесија на раст и ја забележаа најдобрата недела во последните пет години,…

  • Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно

    Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно

    Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење…

  • Медведев: Немаме веќе што да продаваме

    Медведев: Немаме веќе што да продаваме

    Руската економија во голема мера е приватизирана, и не останаа многу активи за продажба, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев. „Не ни остана многу за приватизација,…