26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСвежите сливи се најсилниот антиоксиданс

Свежите сливи се најсилниот антиоксиданс

Нутриционистите потврдуваат дека на врвот на листата од 24 видови на овошје, со најсилно антиоксидативно делување, се наоѓа токму сливата.

Сувата слива во однос на друго суво овошје има двојно поголема антиоксидативна моќ. Во составот на сувите сливи се наоѓа концентриран сорбитол и влакна, кои им даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.

Но затоа свежите и сувите сливи преставуваат вистински извор на калиум, влакна, витамини, а во траги може да се најде и магнезиум и железо. Во било кој облик ова овошје е богато со единствени фитонутриенти, како и со неохлорогенска и хлорогенска киселина.

Овие супстанци припаѓаат во фамилија на фенолите, чија што антиоксидативна улога е потврдена во различни научни истражувања.

Во 100 грама сливи има дури 87 грама вода и единаесет грама јаглехидрати. Од витамини има најмногу Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Кога станува збор за минералите, богати се со калиум, фосфор, магнезиум и натриум.

ЗДРАВ ПОЈАДОК

За појадок може да се направи овошен јогурт со сливи, така што во обичниот јогурт ќе додадете исечкани и излупени сливи и мед по желба. А доколку сами го печете леб од ‘рж, во подготвената смеса треба да додадете и до пола испечени сливи во рерна. Вака подготвениот ‘ржан леб е благ, вкусен и здрав.

КУПУВАЈТЕ ЦВРСТИ ПЛОДОВИ

При купувањето на сливи треба да водите сметка плодовите да бидат цврсти, неоштетени и да имаат дршка. Површината треба да биде малку замаглена, што е показател дека со сливата добро се постапувало. Имајќи во предвид дека брзо созреваат, во фрижидерот можат да се чуваат најмногу три дена. Треба да бидат одвоени во хартиена кеса, затоа што додека дозреваат ослободуваат етилен, кој го забрзува дозревање на останатото овошје и зеленчук кое се наоѓа во фрижидерот. Освен тоа, извадените од фрижидер треба извесно време да поседат на собна температура, затоа што на тој начин им се враќа максимумот на сочноста и благиот вкус.

ЗАМЗНАТИ СЛИВИ ДО ТРИ МЕСЕЦИ

Замрзнатите сливи, по правило, можат да се чуваат во ладилникот, најдолго три месеци. Пред да ги ставите во ладилникот треба да се исечат на половина и да им се извади семката. Така преполовени се редат во чинијата со кожата надолу, па се замрзнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП