27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва го можат сите: Намалете ги килограмите со помош на течности

Ова го можат сите: Намалете ги килограмите со помош на течности

Само мал недостаток на вода може во организмот да предизвика чувство на исцрпеност, а тоа често се манифестира како глад.

Луѓето кои консумираат доволно течности без проблеми ја одржуваат линијата. Ако сакате да ги намалите килограмите, водата и течноститењ ќе ви помогнат во тоа, бидејќи му се неопходни на телото за да го исфрли вишокот масти.

1. Вода

Водата не содржи калории, а богата е со минерали. Бидејќи му помага на метаболизмот, лицата со вишок килограми би требало да пијат поголеми количини вода.

2. Сок

Слатките овошни сокови и лимонадата содржат околу 10 проценти шеќери, што значи 100 грама и 400-500 калории на литар. Сокот е како вистинки мал оброк. Најдобро е сами да си направите свеж цеден сок во кој нема додатоци како што е шеќерот.

3. Чај

Билните чаеви ја гасат жедта, речиси не содржат калории (една шоља има една калорија) и главно имаат благотворно дејство (маточината, на пример, смирува).

4. Кафе

Кофеинот го поттикнува метаболизмот, но наместо да го снабдува организмот со течности, тој придонесува за нивното елиминирање. Затоа, со кафето секогаш пијте и една чаша вода.

5. Млеко

Млекото со ниска содржина на масти (0,9 или 1,5 %) има речиси двојно помалку калории од полномасното млеко (3,2 %), а и исто толку минерални материи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП