26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако една од најбогатите држави западна во спиралата на смртта?

Како една од најбогатите држави западна во спиралата на смртта?

Прекинати им се сообраќајните врски со што се стопира протокот на стока, a граѓаните се грижат затоа што полиците во продавниците веќе се полупразни… А минаа само неколку денови по објавувањето на лошите вести.

Движењето кон спиралата на смртта почна за Катар откако Заливските земји објавија дека ја прекинуваат соработката. Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и ОАЕ ги прекинаа дипломатските и другите врски со обвинување дека Катар поддржува тероризам.Тоа посебно се однесува на ИД, Ал Каеда и Муслиманско братство.

Иако е една од најмалите апрапски земји со околу 2,5 милиони жители (90 проценти странци), Катар ќе почувствува значителни промени во снабдувањето со храна која во оваа земја се увезува. На границите се блокирани илјадници камиони со храна, а граѓаните веќе го разграбаа тоа што беше во продавниците.

Оваа земја е прв светски производител и извозник на течен природен гас и располага со најголеми резерви во светот, располага со големо богатство на нафта и гас, а приходот по глава на жител е најголем во целиот свет и тешко беше да се поверува дека овој притисок на Заливските земји така брзо ќе влијае на економските показатели на земјата.

Меѓутоа, во само неколку денови се покажа дека изолацијата на Катар претставува голем удар за оние кои таму работат и живеат. Паниката започна во неколку сектори, а цените значително се пораснати во областа на транспортот, храната, воздушниот сообраќај, банкарството…

Бидејќи моќните арапски земји ги прекинаа транспортните правци – транспортот на „LNG“ би можел да стане поскап и покрај помалиот број на конкуренти, а во центарот на вниманието наскоро може да се најдат и работните места во нафтената индустрија.

Според анализите на водечките светски агенции и финансиски сектор беше мета на цел. „Ројтерс“ јавува дека некои банки од Саудиска Арабија, ОАЕ и Бахреин го одложуваат спроведувањето на некои договори со катарските банки, додека одредени медиуми пишуваат за тоа дека саудиските банка веќе започнале да бараат на кого да ја продадат својата кредитна изложеност од катарките должници. Сето тоа го прави пазарот нестабилен, па последиците се чувствуваат и на берзите.

Точно е дека Катар е меѓу најбогатите земји во светот, а и точно е дека има голема финансиска моќ. Точно е и дека има голема финансиска моќ со која може да ги заштити своите банки. Но, дали ќе стартува бранот на повлекување на вложувањата тоа тешко може да го издржи било која економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП