26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот Hideaway of Nungwi Spa Resort (фото)

Луксузниот Hideaway of Nungwi Spa Resort (фото)

Понекогаш најдобрите места во светот и не се баш толку познати, па морате малку да се потрудите за да ги најдете…

Едно од тие места е прекрасниот спа ресорт кој се вика „Hideaway of Nungwi Spa Resort“. Оваа магично место е сокриено на северозападниот брег на живописниот остров Занзибар, се наоѓа на еден час од Интернационалниот аеродром, и едноставно, морате да го видите во живо за да поверувате и да ја запознаете неговата убавина во потполност. Бели песочни плажи, кристално чисти води на Индискиот океан, амбиент на егзотичен луксуз и многу други фантастични погодности.

Природата која едноставно ве остава без здив не е сето она што го разубавува овој величенствен спа центар. Ресортот има околу 100 луксузни соби со поглед на океанот, декорирани во современ стил, мебел и детали кои го претставуваат арапско-афричкото и колонијалното наследство на овој остров. Во секоја соба се наоѓаат погодности кои ви се потребни и кои очекувате да ги има во еден луксузен спа центар.

Овој спа центар е совршен за луѓе кои имаат потреба да се опуштат и да се регенерираат, но, во понудата има и многу адреналински активности, за оние малку поагилни гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП