1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Америка се отворени нови 138.000 работни места

Во Америка се отворени нови 138.000 работни места

Работодавците во Соединетите Американски Држави (САД) подзастанаа со вработувањата и во мај отворија само 138 илјади нови работни места.

Обемот сè уште не е доволен за поддршка на продолжување на трендот за намалување на стапката на невработеност, пренесуваат агенциите.

Министерството за труд објави дека стапката на невработеност во мај падна за 4,3 отсто, а претходно за 4,4 отсто.

Бројот на нови работни места во март и април беше ревидиран за 66.000 вкупно за двата месеца.

Во просек последните три месеци се отвораа по 121 илјада работни места месечно, што претставува забавување во однос на просекот од 181 илјади за период од дванаесет месеци. Просечната заработувачка на час се зголеми за 2,5 отсто минатата година.

Ресторани и бизниси во здравствениот сектор забележаа солиден пораст на бројот на нови работни места. Во бизнисот на давање угостителски услуги вработени се 30,3 илјади нови работници, додека во здравствениот сектор се отворени 24,3 илјади работни места. Бројот на работни места во градежната индустрија се зголеми за 11 илјади.Сепак, производителите, трговците и јавниот сектор минатиот месец го намалија бројот на вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП