26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ќе претстави предлог за проширување на еврозоната

ЕК ќе претстави предлог за проширување на еврозоната

Се очекува денеска Европската комисија да поднесе предлог за продлабочување на економската и монетарна унија.

Европската комисија се обидува да го направи усвојувањето на еврото попривлечно за членките на Европската унија, кои се надвор од монетарното обединување, соопшти минатата недела комесарот за економски и монетарни прашања, Пјер Московичи, цитиран од агенциите.

Предлозите ќе бидат во проект за иднината на еврозоната, кој е дел од поширок план, инициран од страна на Европската комисија во врска со тоа како да биде реформирана Унијата по „Брегзит“ и во позадина на евроскептичните ставови.

„Ќе се обидеме да подготвиме рамка која е доволно привлечна, која е како, како што велат во филмовите, понуда на која не можете да одолеете“, рече Московичи кога новинарите го прашале за детали за неговите предлози за „довршување на Економско монетарна унија до 2025-та година“.

Земјите од ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Данска, се должни да го воведат еврото, но нема краен рок за тоа, потсетуваат агенциите.

Јавното мислење во земјите надвор од еврозоната често е против пристапувањето кон единствената валута.

Во Полска 57 отсто од анкетираните се против еврото, покажуваат податоците од Евробарометарот објавени во декември.

Противењето е силно и во Велика Британија, Чешка, Шведска, Данска и Бугарија, додека Унгарците, Хрватите и Романците во поголемиот дел се благоразположени кон монетарната унија, истакна „Ројтерс“.

Московичи, кој зборуваше на форумот на европскиот бизнис во Брисел (European Business Summit), предупреди за „бунт“ во еврозоната поради економските разлики меѓу југот и северот, кои Еврокомисијата сака да ги надмине.

Полска ќе почне да дебатира дали да се приклучи кон еврозоната кога едвај блокот стана стабилна и транспарентна единица. Тоа, рече, исто така минатата недела, на форум посветен на инвестициите во Централна и Источна Европа, полскиот заменик-министер за надворешни работи Конрад Шимански задолжен за европски прашања.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка, сепак, рече дека неговата земја треба да одреди датум за усвојување на еврото и има „амбиција да припаѓа на развиените европски земји“.

На истиот форум Кшишоф Шчерски, виш советник на полскиот претседател Анџеј Дуда, коментира дека ако да бидеш во групата со најмногу брзина во Европа се бара истовремено пристапување во Шенген простор, еврозоната и учество во разговорите за нова политика на безбедноста во блокот, тоа само Словачка и Словенија би ги исполнувале сите критериуми.

Според него Романија, Бугарија, Хрватска, Полска, Чешка и Унгарија, како и балтичките земји, од различни причини, би останале надвор.

Коментарите на Шчерски се додаваат кон загриженоста на изразување на истокот во ЕУ, во врска со идејата за „Европа на брзини“, која има се поголема поддршка во Германија, Франција и други земји членки, откако Велика Британија одлучи да го напушти блокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП