26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија бара ЕК да ги замрзне европските фондови за непослушните во ЕУ

Германија бара ЕК да ги замрзне европските фондови за непослушните во ЕУ

Германската Влада бара начин како да и се овозможи на Европската комисија да ги замрзнува средствата за земјите-членки на ЕУ што не се однесуваат во согласност со стандардите на блокот во врска со владеењето на правото.

Официјален документ на германската влада за идните буџетски правила во Унијата вели дека Берлин сака зермањето сретства од кохезионите фондови да го поврзе со почитување на основните принципи на владеењето на правото.Импликацијата ќе биде таква што земја како Полска, чија влада во моментов е во судир со Брисел во врска со владеењето на правото, може да ги изгуби европските пари за финансирање на посиромашните региони, познати како “кохезивен фонд. ”

За Полска се издвоени вкупно 86 милијарди евра од различни кохезиони фондови на ЕУ во сегашниот седумгодишен буџет кој ќе трае до 2020 година.

Комисијата се обидува повеќе од една година да ја дисциплинира Партијата на законот и правдата на Полска заради третманот на највисокиот суд во земјата, како и за други прашања. Пркосната влада во Варшава го возврати ударот на Брисел, обвинувајќи го Франс Тимерманс, одговорниот комесар, за водење на “лична крстоносна војна” против оваа држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП