26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел сака да го направи еврото попривлечно за државите членки на ЕУ

Брисел сака да го направи еврото попривлечно за државите членки на ЕУ

Европската комисија сака да го направи еврото попривлечно за членките на Европската унија кои сеуште не ја прифатиле европската валута, порача европскиот комесар за економија, јавува Ројтерс.

Намерата е да се направи ЕУ уште поцврста по излезот на Велика Британија. Предлогот ќе биде објавен наредната недела, со цел разгледување на иднината на еврозоната, што е дел од настојувањата да се оживее Унијата и покрај Брегзит и подемот на евроскептицизмот.

„Ќе направиме рамка во која еврото ќе биде доволно прилечно. Тоа ќе биде, да се изразам како во филмовите, понуда која не можете да ја одбиете“, изјави комесарот Пјер Московици пред новинарите кои бараа детали за неговиот предлог за „комплетирање на економската и монетарната унија до 2025 година“,

Членките на Унијата, освен Велика Британија и Данска се обврзаа да го прифатат еврото како валута, но нема поставен рок до кога треба да се направи тоа. Московици појасни дека земјите би требало постепено да напредуваат кон усвојувањето на еврото како валута, и дека ЕК нема овластувања да ги принуди на тоа.

Во некои држави на ЕУ, јавноста е против воведувањето на еврото. Во Полска, на пример, 57 проценти од граѓаните се против воведувањето на еврото, додека граѓаните на Хрватска, Унгарија и Романија повеќето се за воведување на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП