2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо петок ќе се одржи „Матурска парада 2017“

Во петок ќе се одржи „Матурска парада 2017“

„Матурска парада 2017“ ќе се одржи в петок на пладне. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Организаторите очекуваат да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.

Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и делегацијата на Европската Унија во Скопје.

„Македонските матуранти ќе танцуваат на иста музика и во исто време заедно со своите врсници од десетина држави од Централна и Југоисточна Европа. Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. На пладне со посредство на Македонското радио – Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија, од каде доаѓа музиката.По завршувањето на парадата ќе има честитка од делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот ‘Тајно моја’ во продукција на Македонската опера и балет“, рече Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП