20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Во 2019-та на Шенген зоната ќе ѝ се приклучи Романија

Јункер: Во 2019-та на Шенген зоната ќе ѝ се приклучи Романија

Европската Унија, најверојатно, ќе го прекине своето строго набљудување на правниот систем на Романија, кога земјата ќе го преземе претседавањето со Советот на Европската Унија во јануари 2019 година, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесува британското издание Дејли експрес.

Јункер, исто така, посочи дека Романија до 2019 година ќе биде вклучена во Шенген зоната.

За време на состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис претседателот на ЕК објасни дека не може една земја да претседава со ЕУ, а истовремено таа да создава впечаток дека е предмет на контрола.

Европската Унија врши надзор на правосудните системи на Романија и Бугарија бидејќи двете земји се приклучија кон блокот во 2007 година, кога беа дефинирани како отворени кон корупција и несоодветни според европските стандарди.

Во истата година ЕК создаде Механизам за соработка и верификација (МСП), кој им дава на двете балкански држави индикатори колку постигнале напредок во исполнувањето на потребните стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП