2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени трошоци на живот – како да се наполни семејната кошница?

Зголемени трошоци на живот – како да се наполни семејната кошница?

Статистичарите пресметале дека цените на мало се зголемени за 2.2%, а вкупните трошоци за живот за 1%. Платите се останати на речиси исто ниво, а со просечен личен доход не може да се наполни синдикалната кошница. Како да се преживее од први до први?

ДЗС: Благо зголемени трошоци на живот

Трошоците на живот пораснале за 1% а цените на мало за 2.2% за една година.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) најголемо поскапување има во категоријата комуникации (9.7%), потоа цигари и алкохол (6.1%), ресторани и хотели (3.4%), транспорт (3.1%), облека и обувки (2.0%). Намалување има кај категоријата рекреација и култура (-0.7%), храна и пијалаци (-0.4%),  комуналии (-0.4%). Кога се ќе се собере вкупните трошоци на живот се зголемени за 1%.

ССМ: Речиси непроменета потрошувачка кошница

Државната статистика ги објавува трошоците на живот и цените на мало, но веќе со години не ја анализира потрошувачката кошница. Единствено Сојузот на синдикати (ССМ) прави вакви пресметки, но нередовно.

Последните податоци се за јануари годинава кога минималната кошница била „тешка“ 32.199 денари или 0.2% помалку во однос на јануари лани.

Најголем дел од парите според ССМ одат на храна и пијалаци, 13.280 денари или 41%. Следат трошоците за домување, 10.461 денар или 32%. За хигиена се потреби 2.254 денари или 7%. За превоз 2.339 денари или нешто над 7%, за облака и обувки 2.121 денар или околу 6%. За култура и здравје остануваат само околу 5% од вкупниот буџет за четиричлено семејство.

Просечната плата покрива 70% од синдикалната кошница

Според последните податоци на ДЗС кои се однесуваат на февруари просечната плата на ниво на Македонија изнесува 22.347 денари. Во јануари била нешто повисока, 22.750 денари. Оттука со просечна плата може да се наполни само 70% од минималната кошница.

Сепак, малкумина ја земаат просечната плата. Според анализите на Finance think дури две третини од работниците имаат примања пониски од просекот.

Апелираат да се направи нова стратегија со која ќе се подобри животниот стандард на граѓаните, но и ќе се продуцираат кадри со вештини од високо платените дејности.

„Треба да се размисли за модел на економски раст базиран на високоплатежни сектори како што се компјутерските дејности. Потребна е долгорочна стратегија и реформи, започнувајки од образовни програми. Македонија треба да продуцира кадри со вештини во тие сектори и дејности, а мерките за вработување да се насочат кон тие дејности“, велат од Finance Think.

На краток рок намалување на разликите меѓу приходите на работниците најдиректно може да изврши преку зголемување на минималната плата, анализираат економските експерти според кои сепак мора да се внимава да не се предизвика отпуштање работници поради зголемените трошоци на фирмите.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП