2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија - следниот голем проблем на Европа

Италија – следниот голем проблем на Европа

Емануел Макрон изгледа e се поблиску до претседателската функција во Франција, со што ќе се стави крај на заканата на евроскептиците против Елисејската палата. Ако Макрон победи, сепак ќе е рано да се празнува новата фаза на стабилност во еврозоната. Од другата страна на Алпите се раѓа економска и политичка бура и ништо не сугерира дека некој може да ја запре, пишува економскиот колумнист Фернандо Џулијано за „BloombergView“.

Економските проблеми на Италија за многу причини се полоши од француските. Односот на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ (БДП) е речиси 133%, а во Франција – 96%. Последниот пат кога Италија растеше економски побрзо од Франција, е во 1995-та година кога и двете земји се борат да останат конкурентни на меѓународно ниво, но продуктивноста во Франција е зголемена за околу 15% од 2001-ва година, додека таа во Италија се соочува со застој.

Во меѓувреме италијанската политика оди од лошо на се полошо. Движењето „Пет ѕвезди“ – популисти кои сакаат да одржат референдум за членството на Италија во еврозоната, се повеќе се крева во анкетите и во моментов речиси се израмнија со централно-левичарската Демократска партија. Малку е веројатно дека парламентарните избори, кои се закажани за следната пролет, да изнесат јасен победник. Постои дури и мала шанса тие да доведат до евроскептична влада, ако „Пет ѕвезди“ освојат доволно гласови и формираат алијанса со силно антиевропската „Северна лига“.

Приврзаниците на ЕУ во Италија очајно бараат италијанскиот Макрон – некој кој може да понуди либерален лек за економските проблеми на земјата, додека ја одбива заканата од „It-exit“. На инвеститорите тоа ќе им се допадне. Во текот на есента Европската централна банка се чини подготвена да го одложи купувањето на државниот долг. Изгледите за политичка нестабилност во Рим може да ги исплаши инвеститорите, предизвикувајќи сомнежи за одржливоста на италијанскиот долг.

На многу начини Матео Ренци, поранешниот премиер на Италија, кој поднесе оставка по тешката загуба на уставниот референдум во декември, би бил најочигледниот избор. На 42 години тој е само три години постар од Макрон. Тој исто така сакаше да ја модернизира левицата, иако претпочита да се издигне во редовите на партијата, наместо да формира своја како Макрон.

Проблемот е што Ренци изгледа повеќе како истрошена сила. Тој штотуку доби нов мандат како лидер на партијата, но многу Италијанци се сомневаат во неговите ветувања, бидејќи тој веќе еднаш се откажа од ветувањето да излезе од политиката ако изгуби на референдумот. Неговата порака исто веќе не е јасна. Тој тврди дека е проевропски, но никогаш не пропушта можност да го нападне Брисел – особено поради наметнување на фискалното штедење.

Една година е подолг период во политиката. Италијанците може да се уморат од Движењето „Пет ѕвезди“ и да одлучат дека Ренци нуди побезбедна алтернатива – но не сметајте на тоа. Со повеќе среќа Франција е на пат да покаже дека разумот се уште преовладува во европската политика. Италија сепак да го докаже спротивното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП