8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Британија најпрвин треба да го врати долгот

Меркел: Британија најпрвин треба да го врати долгот

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Британија не може да ги има истите права како и членките на ЕУ, ниту може да се преговара за трговските договори пред да се согласат дека треба да го вратат долгот.

„Земјите со статус на трети земји, а тоа ќе биде Велика Британија, не можат и нема да имаат исти или поголеми права од членките на ЕУ. Сите 27 земји и сите европски институции се согласуваат за тоа“, изјави Меркел, наговестувајќи дека паралелни разговори ќе бидат можни тогаш кога ќе се решат прашањата околу придонеси во буџетот.

Британската премиерка Тереза Меј реагираше на изјавата на германската канцеларка Меркел за Брегзит оценувајќи дека ЕУ се обединува против Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП