26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголемиот број Британци жалат што гласале за Брегзит

Поголемиот број Британци жалат што гласале за Брегзит

Поголемиот број Британци жали, по прв пат, поради резултатаите на референдумот од 23 јуни 2016 во корист на излегувањето од ЕУ, според анкетата објавена во Тајмс.

Одговарајќи на прашањето – Мислите ли дека Велика Британија беше во право кога гласаше за излегување од ЕУ, 45 отсто испитаници жалат поради гласањето, 43% го одобрува, а 12 % се неодлучни, се вели во анкетата спроведена во вторникот и во средата на 1590 испитаници.

„Тоа е прв пат мнозинството да се изјасни дека референдумот довел до полош резултат“, оценува Тајмс посочувајќи дека таа тема и натаму ја дели земјата.

Анкетата упатува на тоа дека 85% од луѓето кои глазале за Брегзит и натаму се задоволни со изборот додека 89% приврзеници на ЕУ и денеска мисли дека референдумот требало да се заврши поинаку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП