26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2016-та во земјите од ЕУ азил добиле 700.000 луѓе

Во 2016-та во земјите од ЕУ азил добиле 700.000 луѓе

Земјите на ЕУ минатата година одобриле статус на бегалци или некој друг облик на заштита на повеќе од 700.000 луѓе, повеќето од Сирија, соопшти Еуростат. Повеќе од 700.000 баратели на азил добиле заштита во 28 земји на ЕУ во 2016 година. Во 2015 тој број беше двојно помал.

Тогаш азил добија околу 330.000 луге. Се претпоставува дека повеќе од милион луѓе се дојдени во Европа, главно бегалци од војните во Сирија и Ирак, но и економски бегалци кои бараат работа. Од вкупниот број на оние кои добија заштитен статус, 405.600 се од Сирија, 65.800 од Ирак, 61.800 од Авганистан. Повеќе од 70 отсто сиријци добил азил во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП