26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOралната контрацепција и натаму не е на позитивната листа во Македонија

Oралната контрацепција и натаму не е на позитивната листа во Македонија

Државата ја заборави „Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје 2010-2020“. Владата и министерствата заборавија да работат на унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје, беше посочено на денешната дебата за тоа колку државата го применува овој јавен документ.

Драшко Костовски од невладината ХЕРА посочи дека сè уште не е усвоен акцискиот план за активностите на државните институции за подобрување на состојбата со унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје во Македонија. Најверојатно, како што посочи Костовски, тоа може да се должи на немањето пари во буџетот.

Шест години по донесувањето на Стратегијата, сè уште нема пристап до сеопфатно сексуално образование. Во државата, како што посочија учесниците на денешната дебата, сè уште нема модерна контрацепција на позитивната листа на лекови, што се наведува како една од причините поради кои Македонија е една од земјите со најниска упoтреба на контрацепција во Европа. Резултатот е пораст на сексуално-преносливите инфекции и лошиот пристап до гинеколошки услуги.

Дел од учесниците на дебатата посочија дека овие неостварени мерки најмногу ги загрозуваат маргинализираните заедници. Претставничката од Министерството за здравство, Сања Саздовска, пак, рече дека е предвидена ревизија на Стратегијата, а за неа се направени и проценки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП