26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада подготвува освета - ескалираше трговската војна со САД

Канада подготвува освета – ескалираше трговската војна со САД

Канадскиот премиер Џастин Трудо вети дека ќе ги брани интересите на Канада, откако Соединетите Американски Држави воведоа царина на канадското градежно дрво.

Тоа, како што наведува Ројтерс, доведе до ескалација на трговските тензии меѓу двете земји и пад на канадскиот долар на 14-месечен минимум.

„Одбраната на канадските интереси е моја работа, без оглед дали станува збор за дрва или софтвер“, изјави Трудо во Онтарио, а пренесува Ројтерс.

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос изјави дека во понеделник САД вовеле прелиминарни царини од 20 проценти на увозот на канадското градежно дрво, што, како што оценува Ројтерс, ќе го загрози увозот на градежниот материјал во вредност од околу 5,66 милијарди долари.

Најновиот спор предизвика пад на канадската валута на 1,3594 канадски долари за американсканскиот долар од вчерашните 1,3516.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП