26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната валута ја губи довербата поради политичката криза

Домашната валута ја губи довербата поради политичката криза

Од почетокот на политичката криза граѓаните се почесто се одлучуваат да штедат во странска валута наспроти штедењето во денари покажува најновиот извештај на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Штедењето бележи пад од 0,6 отсто, намалени се штедните влогови и во денари и во евра.

„Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март, бележат месечно зголемување од 0,8%, во целост заради краткорочните депозити во странска валута, при намалување на денарските депозити (пред сѐ депозитните пари). На годишна основа, корпоративните депозити бележат раст од 8,8%, со придонес на денарските и девизните депозити во годишната промена од 59,2% и 40,8% соодветно“, велат од НБРМ.

Додека штедните влогови се намалуваат, кредитирањето бележи раст и кај граѓаните и кај приватниот сектор.

Граѓаните сè повеќе се задолжуваат со потрошувачки и станбени кредити, а во последниот период се бележи раст и на побарувачката на автомобилските кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП