27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСледи реприза на најголемата криза на 21-виот век: Политиката на Трамп ќе...

Следи реприза на најголемата криза на 21-виот век: Политиката на Трамп ќе го втурне светот во бездна

Политичките одлуки на новиот претседател на САД од самиот почеток на неговиот мандат не наидуваат на одобрување од експерти и аналитичари.

Сега се огласи и Меѓународниот монетарен фонд, кој предупреди дека предлозите на Доналд Трамп за намалување на даноците и олеснување на финансиската регулатива би можеле да предизвикаат нов круг за влез во финансиски ризици слични на оние од кои претходеше последната криза во 2008-ма година.

ММФ во својот извештај „Глобалната финансиска стабилност“ наведе дека ризиците за стабилноста генерално се намалени во последните шест месеци поради силниот глобален економски раст и повисоките каматни стапки кои ги подобрија банкарските приходи, пренесува „Ројтерс“.

Меѓутоа, како што додава, веќе високо задолжените американски компании можеби нема да го пренесуваат вишокот на парични токови, до кои би дошло по предложените даночни реформи од страна на американските републиканци, во капиталните вложувања во производство кое би можело да помогне за одржување на растот.

Наместо тоа, Фондот оценува дека брановите на готовина, кои веројатно вклучуваат и репатријација на добивката која мултинационалните корпорации ја држат во странство, а можат да бидат канализирани во ризични вложувања, како купување на финансиски активи, спојувања и исплата на дивиденди. Таквите искушенија ќе бидат најголеми во информациските технологии и здравствениот сектор, смета Фондот.

Во извештајот се наведува дека претходните големи даночни промени вообичаено ги следеше растот на превземање на финансискиот ризик, вклучувајќи ги и даночните реформи од 1986-та и ослободувањето од корпоративниот данок за репатријација на добивката од 2004-та. Во двата случаи, тоа доведе до раст на задолжувањата на компаниите поради ризичните инвестиции, по што следеа рецесиите во 1990-та и 2008-ма година.

Доколку се заклучи дека американскиот пазар на труд мора малку да олабави за да се апсорбираат стимулансите од плановите на Трамп за намалувење на данокот и потрошувачката, инфлацијата и каматните стапки би можеле да пораснат повеќе отколку што се очекуваше.

Тоа би можело да ја засили пазарната нестабилност и да ги подигне трошоците за сервисирање на долгот во и така нестабилните биланси на компаниите, оценува ММФ.

Во извештајот се додава дека вртењето на САД и другите развиени земји кон протекционизмот, исто така може да ги намали трговијата и протокот на капитал, што ќе влијае за намалување на растот и спласнување на пазарното расположение.

„Острите финансиски услови би можеле да ги втурнат послабите компании во проблеми“, предупредува Фондот, напоменувајќи  дека последиците од загубата ќе ги сносат банките, осигурителните компании, инвестициските фондови, пензиските фондови и странските институции.

Што се однесува до пазарите во развој, во извештајот се укажува дека ризиците врз финансиската стабилност и натаму се зголемени. Тие економии, според ММФ, се соочуваат со двојни закани – од растечкиот протекционизам кој би можел да ја намали побарувачката за нивниот извоз, како и од инфлација и брзо подигнување на каматните стапки во САД, што би можело да иницира одлив на капитал и отежување во сервисирањето на надворешниот долг на тие земји, пренесува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП