26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

Хитовите на Тоше во мјузиклот „Тајно моја“

Мјузиклот „Тајно моја“ создаден, по повод 10-годишнината од прераната смрт на големата музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе биде изведен вечерва во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет.

Приказната во овој музички перформанс се темели на голем број музички хитови на Тоше Проески, како „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, “Игри без граници“, „Полско цвеќе“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси куси“, „The Hardest Thing“ и други.

Содржината ја следи љубовната приказна на млад пар. Нивната љубов пламнува за миг, но нивните разлики ќе ја доведат нивната љубов во прашање… Македонски “Ромео и Јулија“, сместени во периодот на транзиција, на почетокот на 21-от век. Време кога љубовта ги милува и освојува сите срца преку нотите и стиховите на Тоше Проески. Но, можат ли љубовта и музиката да го спасат светот? Двата чина на Мјузиклот „Тајно моја“ ќе се обидат да дадат одговор на ова прашање и на уште многу други прашања поврзани со другарството, пакоста, алчноста, осаменоста, желбата да се успее, стравот, надежта и љубовта.

Диригент е Ѓургица Дашиќ а солисти Ана: Антониа Гиговска, Филип: Денис Димоски, Бети: Хелена Суша , Сара Гигова Мајка на Ана: Марика Поповиќ , Весна Петрушевска, Татко на Ана: Лазе Манасковски,),Игор Џамбазов , Мајка на Филип: Десанка Глигоријевиќ ), Арна Шијак Татко на Филип: Јане Аврамовски Марија (другарка на Ана): Тања Бојковска , Љупка Арсова, Ема (другарка на Ана): Анастасија Аврамовска, Мила Николовска,
Јане (другар на Филип): Марко Димитриевски Наумче (другар на Филип): Јане Дунимаглоски , Симеон Коруноски Љупче (бодигард): Борко Биџовски
Електричарот: Симон Манасковски Ангел: Лена Заткоска
Ангелчиња: Марија Спасовска, Андреа Георгиевска, Калеша Џангаловска. Учествува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Проектот е реализиран во копродукција со фондацијата „Тоше Проевски“. Следните изведби се закажани утре и задутре вечер на истата сцена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП