26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНова книга: „Копање“ од велшкиот писател Кинан Џонс-роман за психологијата на тагата

Нова книга: „Копање“ од велшкиот писател Кинан Џонс-роман за психологијата на тагата

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје, неодамна го објави романот „Копање“ од велшкиот писател Кинан Џонс, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски. Романот е добитник на наградата „Книга на годината“ во Велс за 2015 година.

„Копање“ е жесток краток роман, сочинет од испреплетените приказни на ловец на јазовци и еден неутешен фармер, кои се одвиваат во сурова рурална средина каде што човекот, животното, земјата и временските услови постојано се жестоко спротивставени.

Патиштата на двајцата се вкрстуваат со трагична неминовност. Џонс брилијантно пишува за психологијата на жалоста и изолираноста поради загуба, како и за едноставната суровост на животинското постоење со непоколебливо око на натуралист. Неговата проза е минималистичка со резонантна едноставност и повремена раскошност. Овој роман е кус, но пука со насобрана потисната енергија што прави да зазема поголем простор отколку што зафаќа на прв поглед.

Кинан Џонс (1975) е велшки писател од помладата генерација, но веќе афирмиран и наградуван. Неговиот прв роман, „Долгата суша“ (2006), ја добива наградата „Бети Траск“ на британското Здружение на писатели. Во 2013 година Џонс влегува во потесен избор за наградата за најдобар расказ на „Сандеј тајмс“. Неговиот последен роман, „Копање“ (2014), е прогласен за книга на годината во Велс во 2015 година, и е добитник на наградата Jerwood

Fiction Uncovered. Неговите дела се преведени на повеќе јазици, меѓу кои француски, германски, италијански, шпански, португалски, турски, арапски, и др.

Неговиот роман „Копање“ доби одлични одгласи од книжевната критика и медиумите.

За него, меѓу другото, е речено: „’Копање‘ го претвора читателот во беспомошно животно; втренчено чекајќи го тој удар по черепот. Првиот неочекуван емотивен удар е всушност најлошиот, но приказната што се развива од овој шок е како јамка за јазовец: можеме да навиваме за аутсајдерот, но играта е наместена – можен е само еден исход“ – „Гардијан“.

„Длабок и извонредно збиен… моќен… диптих за насилството, загубата и различните

начини на кои некој може да биде заробен. Целосно е непоколеблив во описот на суровоста со којашто се соочуваат јазовците… и покрај тоа ’Копање‘ има силен морален компас, а насилството никогаш не е непотребно. Ова е роман со тежина далеку над неговата големина.“ – „Њујорк тајмс“.

„Мала, прекрасно составена приказна за загуба наспроти бруталноста на ловењето јазовци… Џонс покажува дека краткиот роман може да биде исто толку епски, а и стилски опсежен како и долгиот. Сместен меѓу непријателски настроена природа, ги опишува

загубата, жалоста, како и тоа како природниот циклус на смртта и распаѓањето влијае надушата“ – „Индепедент“

„’Копање‘ е извонреден роман, и поради тоа што е милосрдно мал, може да се чита како поезија, оставајќи зборовите да резонираат во черепот додека не се појават неверојатно привлечните шаблони на неговото длабоко значење.“ – Times.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП