26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВолшебна оаза во срцето на Картагена (фото)

Волшебна оаза во срцето на Картагена (фото)

Фантастичниот хотел „Tcherassi+SPA“ е лоциран во срцето на стариот град Картагена во Колумбија. На само неколку чекори од плажата, овој хотел го заведува секој со својата колонијална архитектура, добрата атмосфера и исклучителната услуга.

Ова шармантно место го креираше модната дизајнерка Силвиа Тчераси, па поради тоа овој хотел е место каде секој гостин се чувствува добредојдено и пријатно. По интензивното реновирање, 250 години старата куќа со традиција, повторно заживеа и стана место кое зрачи со елеганција и асоцира на златното доба на Картагена.

Со само седум соби и апартмани, овој уникатен хотел и спа центар нуди современи погодности кои модерните и пребирливи туристи денес ги очекуваат.

Ќе ве импресионираат високите плафони, раскошните дрвени подови, приватните балкони, како и големите бањи. Хотелот поседува одличен СПА центар каде можете да се опуштите и релаксирате, италијански шик ресторан, божествени каскадни градини со повеќе од 3000 локални билки, четири базени, како и тераса на кровот која нуди поглед за паметење.

Собите се елегантно опремени и декорирани, па секој гостин ќе се чувствува повеќе како во некој луксузен дом, отколку во хотел. Ѕидовите од изложени цигли, богати со дрвени текстури и кремасти тонови се карактеристични за колонијалниот стил со потпис Мade in Italy. Ентериерите се прозрачни и светли, па во овој хотел многу лесно ќе забележите дека слободно „дише“ секое негово катче.

Ова хотел е прекрасна оаза на иделано место, во град каде заедно живеат остатоци од божествената декаденција и романтизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП