26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно засолниште со неверојатна цена (фото)

Луксузно засолниште со неверојатна цена (фото)

Изградена во 2000 година, оваа неверојатна вила се наоѓа на ултра приватен полуостров, покрај шармантната лагуна наречена Џорџика Понд…

Овој луксузен имот го носи името Burnt Point и се простира на површина од 1.800 квадратни метри, со вкупно осум спални соби и дванаесет бањи, нудејќи врвен поглед на водата од три страни. Изграден во склад со највисоките животни стандарди, овој имот има маѓепсувачка главна вила која има мало крило за гости, како и прекрасен базен со тобоган, спа, тениски терен… Архитектот Френсис Флитвуд ја измисли оваа врвна вила, додека Брана Окиф се погрижи за величествениот дизајн на ентериерот.

Таа во целост е опремена со мебел кој е потпишан од врвни дизајнери и други беспрекорни елементи како 200 години стариот под, оваа раскошна вила е подеднакво импресивна во ентериерот и екстериетот.

За 75 милиони долари, колку што изнесува нејзината цена, добивате и два лифта, кујна со трпезарија и врвни апарати, библиотека, домашна канцеларија, приватно кино и опремен вински подрум. Се што ви преостанува е да се надевате дека ќе погодите неколку седмици на лото и ќе имате можност ова место да го наречете свој дом.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП