26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри компании дале понуди за концесијата на пристаништето во Солун

Три компании дале понуди за концесијата на пристаништето во Солун

Три компании на крајот на минатата недела дале обврзувачки понуди за стекнување на 67 отсто од акциите на организацијата, за владеење со пристаништето во Солун., пишува весникот „Нафтемборики“.

Тоа се филипинската „International Container Terminal Service“, „Peninsular and Oriental Stream“ на арапскиот конзорциум „Dubai Ports World“ и на „Deutsche Invest Equity“ – „Belterra Investments and Terminal Link“.

Последната е заедничка шема на германскиот фонд „Deutsche Invest“ со „Terminal Linк“, сестринска фирма со 51 отсто учество на француската групација „CMA-CGM“ во која со 15 проценти учествува и Иван Савидис, претседател на солунскиот фудбалски клуб ПАОК, кој е со руско потекло.

Договорот за концесија на која страна е и грчката држава, е за 40 години и откако ќе се потпише, треба да помине низ грчкиот парламент.

Се уште понуда не поднела јапонската „Mitsui & Co.“, а за неа се претпоставува дека сигурно ќе го направи тоа во последен момент.

Досега не е позната големината на сумите кои компаниите ги имаат понудено во своите понуди. Се очекува околу средината на април да биде познато за тоа кои двајца од претендентите ќе продолжат со учество.

Тендерот за солунското пристаниште е посложен од тој за пристаништето во Пиреја, бидејќи се предвидува целата процедура да биде во три круга.

Согласно барањата на инвеститорот, кој ќе го преземе управувањето, се обврзува да го зголеми и количеството на преработениот товар на пристаништето.

Во моментов грчката државна агенција за приватизација држи 74,27 отсто од акциите на пристаништето, а потоа по давањето на концесија ќе продолжи да држи 7,24 отсто од акционерскиот капитал.

Од 2010-та година па наваму продажбата на грчки средства е обврзана со спасувачките програми за Грција, по линијата на која земјата добива надворешно финансирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП