26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗChevrolet ја претвора Corvette во кросовер

Chevrolet ја претвора Corvette во кросовер

Трката во сегментот на спортски кросовери не го одмина и „Chevrolet“, каде што одлучија да се вклучат со свој модел во неа. Според изданието „The Detroit News“, кросоверот на Американците ќе биде изграден врз основа на легендарното купе „Corvette“.

Новиот модел ќе се вика „Corvette XС7“, целта е да стане главен конкурент на „Porsche Cayenne“ на американскиот пазар. Во „Chevrolet“ се убедени дека сличен автомобил ќе се продава добро и веќе активно работат на тоа.

Според информациите на весникот, новиот кросовер ќе добие алуминиумска конструкција, мотор лоциран во предниот дел и погон на задната оска. Поставувањето на систем за погон на четири тркала е исто така меѓу можностите за кои зборуваат конструкторите на брендот, а тој очигледно ќе е опција за моделот.

Што се однесува до погонскиот агрегат, идниот „Corvette XС7“ ќе добие V8, кој во основната варијанта ќе развива околу 460 КС. За топ-верзијата е предвиден мотор со повеќе од 650 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП