26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција дава зелено светло за проект за големо одморалиште

Грција дава зелено светло за проект за големо одморалиште

Грција наскоро ќе ги утврди границите на парцела, каде инвеститори планираат да вложат 7,9 милијарди евра, за да изградат едно од најголемите морски летувалишта во Европа, соопшти Министерството за култура, сигнализирајќи дека долгоодложуваниот проект конечно може да продолжи напред, соопштува „Ројтерс“.

Конзорциум од инвеститори од Абу Даби и Кина, воден од грчката компанија Ламда, потпиша договор во 2014-та година за концесија за 99 години на обемна област каде се располагаше поранешниот атински аеродром Хеленикон, и за изградба на крајбрежен град.

Грчките пратеници ја одобрија инвестицијата минатото лето и инвеститорите се надеваа градежните работи да започнат во првата половина на оваа година.

Но инвестицијата, е клучен дел од грчката програма за приватизација во рамките на нејзиниот последен спасувачки пакет, а беше одложена долго време, бидејќи властите се бавни со демаркацијата на зоната и давањето на потребните лиценци.

Во соопштението објавено на сајтот на парламентот, Министерството за култура соопшти дека е во финалнална фаза со дефинирање на границите на местото.

Тоа, сепак, додаде дека сите планирани активности ќе бидат следени одблизу од грчки експерти по археологија пред издавањето на какви и да е дозволи.

Поранешниот атински аеродром Хеленикон беше затворен во 2001-ва година и задолжената Грција се обидува повеќе од една деценија да ја искористи површината од 170 акри во нешто што би создало работни места и би дало поттик на економијата, наведува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП