26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПомогнете им на вработените успешно да го водат вашиот бизнис

Помогнете им на вработените успешно да го водат вашиот бизнис

Сакате вашите вработени точно и прецизно да постапуваат во бизнис процесите. Сакате тие да станат експерти за вашиот бизнис? Помогнете им на овој начин…

Учете вештини, не карактеристики

Наместо да се обидувате да ја промените личноста на поединецот, фокусирајте се на вештини кои можат да се научат или ги научил.

Ако вашиот вработен е природно повлечен (по карактер), не обидувајте се да го убедите да биде отворен со цел да ви помогне да продадете. Наместо тоа, тренирајте го да слуша активно и помогнете му да ја користи терминологија која клиентите ќе ја разберат.

Научете ги на соодветни вештини

Учете ги вработените само вештини кои ќе произведат видливи резултати, во контекст со работата.

Зајакнете и поддржете ги вештините

Секогаш кога ќе обучувате вештина, обезбедете повеќе можности да се провери колку добро вработениот ја извршува вештината и да се обезбеди потребниот тренинг ако е потребно.

Учењето нови вештини се наметнува како навика. За жал тоа вклучува надминување на постоечките навики, што по природа е многу тешко. Тренинзите овозможуваат постепено зајакнување на вештините и го заменува совладувањето на навиките.

Спроведете вештини кои можат да бидат измерени

Нема повистинити зборови во бизнисот од “Се што е мерливо, може да биде направено”. Ако навистина сакате вработените да интегрираат вештини во нивните секојдневни преформанси, вие мора да ги измерите резултатите од примената на таа вештина.

Постојано мерење на напредокот

Ако направите се од горе наведеното, треба да сте во можност да гледате на исполнетите норми како на нови вештини стекнати од втора природа. Ако не го добиете очекуваното подобрување, нешто не е во ред. Или сте тренирале погрешна вештина или не сте обезбедиле доволно засилување и тренинзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП