5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе потпиша повелба за солидарност од четири синдикати

Се потпиша повелба за солидарност од четири синдикати

solidarnost

Четири синдикати денеска во Скопје потпишаа повелба за солидарност во насока на воспоставување заедничка соработка.

Повелбата ја потпишаа претседателите на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Самостојниот синдикат на клиничките центри, Синдикатот на работниците од управата, праводусните органи и здруженијата и Синдикатот на македонската дипломатска служба.

Тие се обврзуваат дека ќе реагираат на ситуациите каде работничките права се намалуваат без разлика на секторот во кој припаѓаат и ќе го бараат најсоодветниот начин со кој ќе може да ги решат проблемите со кои се соочуваат нивните членови. Истовремено ќе работат и на подигнувањето на јавната свест.

Потпишувањето на повелбата, како што истакнаа денеска претседателите на синдикатите на прес-конференција, е поттикнато од се почестото намалување на работничките права, влошувањето на условите за работа и ослабувањето на синдикалното движење.

– Очекуваме дека повелбата е прв чекор и демонстрација на синдикалниот солидаризам и активност која ќе доведе во Македонија повеќе никогаш да не се наметнува дилемата дали 1 Мај се слави со скара или со барање за поголеми права, плати и подобри услови за работа. Тие барања се финдаментот на синдикалното движење, подвлече Тамара Чаусидис, претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Повелбата е потпишана во пресрет на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП