26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШик хотел во центарот на Париз (фото)

Шик хотел во центарот на Париз (фото)

сик1

На престижната авенија Hoche во Париз, на само неколку чекори одалеченост од Триумфалната капија и Елисејските полиња, се наоѓа одличниот Le Royal Monceau – Raffles Paris хотел кој е повеќе од обичен сместувачки капацитет за гости.

Всушност, ова е љубовна приказна за стилот и раскошот, шик и колористичко скривалиште, место кое е благословено со таквиот стил така што е одлична почетна точка доколку се решите да отпатувате во Париз.

Хотелот е ремисенција на старите француски дворци и палати, а доживеа вистински препород откако беше реновиран од страна на познатиот Филип Старк кој го даде својот магичен допир на овој хотел, комбинирајќи го рачно изработениот мебел со силни контрасти. Со еден збор, овој хотел на прв поглед импресионира.

Поседува 85 стандардни соби, 64 апартмани, како и неверојатен лукузен претседателски апартман. Овој хотел е дизајниран да пружи чувство на некој вид на домашно добредојде. Поседува три ресторани „La Cuisine“ „Il Carpaccio“ кој е единствен италијански ресторан со Мишелин ѕвезда во Париз како и ресторанот „Matsuhisa“.

Во рамките на хотелот се наоѓа уште и шармантниот ланч и коктел бар каде можете да го започнете својот ден со некој освежувачки напиток или вкусен коктел. Доколку сакате релаксација нормално тука е и спа центарот „My Blend by Clarins“ во рамките на кој се наоѓа голем олимписки базен, хамам и сауна како и најсовремено опремена теретана.

Погледнете ја галеријата и уверете се за што ви зборуваме…

сик2

сик3

сик4

сик5

сик6

сик7

сик8

сик9

сик10

сик11

сик12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП