26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНов луксузен концепт - Јахтата 3800 Lounge (фото)

Нов луксузен концепт – Јахтата 3800 Lounge (фото)

јах

Француското бродоградилиште Couach Yachts ќе ви го разубави денот…

Нивниот најнов концепт ни го претставува најлуксузното искуство на едрење досега, на истражувачка јахта долга 38 метри, која изгледа неверојатно од било кој агол. Наречена 3800 Lounge, оваа јахта има врвно одработени квалитети како што е сигурноста и стабилноста. Дизајнерската тема е префинета и елегантна, а самиот брод има способност за долги крстарења.

Couach Yachts сака сопствениците на оваа јахта и нивните гости да заборават на се друго додека се на овој брод, а вниманието да им го одвлекуваат луксузните погодности и топлиот амбиент. Салонот со отворен концепт е специјално дизајниран да ви понуди атмосфера на луксузна вила, со прозорци од подот до плафонот и модерна естетика.

Распоредот на кабините е подеднакво импресивен и потсетува на луксузните апартмани од врвните хотели, со одвоени гардероби, канцеларии и големи бањи, додека мастер апартманот има свој приватен балкон.

До десет лица можат да бидат сместени на оваа јахта, а тие ќе имаат прилика да уживаат во импресивната листа на луксузни погодности, како што е барот, кујната на отворено, џакузи, прекрасниот дел за опуштање и удобната трпезарија. Исто така, оваа јахта има и две гаражи, една за тендер, а другата за водени играчки.

јах2

јах4

јах5

јах3

јах6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП