Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Tip of the week: Неспиење

Време: 12:35

Датум: март 2, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално,  потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не во текот на целиот ден.

Но, кој на овој динамичен живот се придржува кон тоа? Кој има време да мисли и на спиењето? Ако од нешто треба да се лишиме, најчесто се лишуваме од спиењето. Имам една пријателка, која толку многу се исцрпува и не спие со денови, што тоа исцрпување доаѓа до стадиум да кога ќе легне, може да ја нема 2 дена. Да не зборувам, па каква е во тој период…

И ајде што станува секојдневие неспиењето, туку на тоа се надоврзува и тоа што веќе станува да си „во шема” ако имаш (по)малку спиено и си уморен.

Работата е дека голем број луѓе кои се исцрпуваат и константно се уморни, односно малку спиени, не се ни свесни што предизвикува уморот кај нив и на нив:

  • Внимание/фокус – неспиење од 20 до 25 часа влијае врз вашата брзина на движење, рефлекси и фокус, исто како да имате 10 % алкохол во крвта.
  • Агресивност – лишувањето од сон ве прави поагресивни и нервозни.
  • Имун систем – луѓето кои спијат помалку од 6 часа, во текот на ноќта, го зголемуваат ризикот за настинка или грип за 4 пати.
  • Зголемување на телесна тежина – неспиењето предизвикува зголемено лачење на хормонот на гладта – грелин, односно хормон што го зголемува апетитот.
  • Болести – тие коишто спијат помалку од 5 часа во ноќта:
    • Дијабетес – го зголемуваат ризикот за добивање на дијабетес тип 2 за 34%
    • Крвен притисок – кај оние со висок крвен притисок може да предизвика покачен притисок во текот на целиот нареден ден.
    • Хронични болести – доведува до зголемување на шансите за добивање на рак и други хронични заболувања.
    • Срцеви заболувања – доведува до удвојување на ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања.
  • Мозочна активност – недостаток на сон запира производство на нови неурони и зголемување на нивото на хормонот за стрес – кортикостерон.
  • Меморија – недостаток на сон доведува до губење на меморијата и намалено памтење.
  • Работа – извршување на работните обврски е забавено, со голем број грешки и последици кои можат да бидат кобни за вашето здравје, но и за здравјето на колегите околу вас.

Ете, сега знаете барем некој дел од последиците кои неспиењето може да ги има врз вас. Мислам дека е крајно време да поработите на тоа дека одмор од минимум 6 часа, во текот на ноќта, само позитивно може да делува на вас.

Спасете се самите себеси, но и другите околу вас и спијте убаво и правилно! Нема да се променат работите, ако сте ненаспани.

 

Со успех во промените

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tip of the week: Која е вашата боја?

    Tip of the week: Која е вашата боја?

    Вчера, во разговор со една драга другарка, помеѓу сите безвременски теми и приказни што ги разговаравме, ми раскажа една ситуација која ја памети од детството,…

  • Tip of the week: Прослави

    Tip of the week: Прослави

    Има многу причини за прослави. Тука се родендени, компаниски прослави, успеси, имендени итн. Прославите се убава работа. Од друга страна, пак, сè помалку прославуваме. Не…

  • Tip of the week: Трема

    Tip of the week: Трема

    Пред некој ден бев на концерт, во изведба на една млада група музичари. Неколку од нив изведоа повеќе кратки дела. Интересно беше да се забележи…

  • Tip of the week: Хаос на маса

    Tip of the week: Хаос на маса

    Велат дека каква ти е работната масата таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде…

  • Tip of the week: Краток текст

    Tip of the week: Краток текст

    „Го напишав ова писмо подолго од вообичаено, затоа што немам време да го напишам пократко”                    …

  • Tip of the week: Никој не ни е крив

    Tip of the week: Никој не ни е крив

    Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам…

  • Tip of the week: Импровизација!

    Tip of the week: Импровизација!

    „За да бидете добри импровизатори, мора да сте експерти ’мајстори’ во она што го правите!” Импровизацијата, најмногу се поврзува со некоја уметност (сликарство, музика, глума…),…

  • Tip of the week: Домашна задача

    Tip of the week: Домашна задача

    Пред некој ден се вратив од зимување, и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“. Веднаш…

  • Tip of the week: Почеток

    Tip of the week: Почеток

    Со почетокот на година започнуваат нови работи. Логично е, не за друго, сите да си посакаме и да ни се случат убави работи. Но, дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Секојдневно сме атакувани со информации за нешто што може да се направи набрзина. Ослабете за 3 дена! Рамен стомак за 2 дена! Научи јазик за…