26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделени наградите за филантропија

Доделени наградите за филантропија

filantropi-680x365_c

Наградите за филантропија ОКО за 2016 година, чија цел е да се препознаат и јавно истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите кои несебично, долгорочно и на стратешки начин го помагаат и поддржуваат развојот на заедницата и да го промовира и стимулира развојот на филантропијата беа доделчени во понеделник.

Наградите ОКО им даваат можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност и на самите донатори да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.

ОКО – Наградата за здружение/фондација за посебен придонес кон развој на филантропските практики ја доби фондацијата „Елена Лука“, а наградата за новинар/медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практикија доби новинарката Сунчица Стојановска Зоксимовска.

За корпоративна награда за големо претпријатие наградена е Стопанска банка – Скопје, како средно претпријатие „Адинг“, а како мало претпријатие награда доби „Пакомак“.

Индивидуален филантроп од дијаспората е семејството Фејзулаху од Норвешка, кое донира 300.000 евра свои средства за опрема во Градската општа болница во Гостивар. Награда за индивидуален филантроп од Македонија доби Кристина Арнаудова-Петровски со здружението „Проект среќа“.

Наградата за долгорочно стратегиско партнерство меѓу деловниот и граѓанскиот сектор ја добија компанијата „Авон“ и Кризен центар „Надеж“.

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN за одржливост имплементиран од ХОРУС, како организација – членка на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП