26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет двојно го зголеми делот во „Apple“ од почетокот на 2017-та

Бафет двојно го зголеми делот во „Apple“ од почетокот на 2017-та

buffet apple33

Компанијата Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“ ја удвои својата позиција во технолошкиот гигант „Applе“ од почетокот на годината и веќе има 133 милиони акции во производителот на „iPhone“. Тоа го изјави самиот Бафет во пренос на „CNBC“.

Околу 120 милиони од акциите беа купени лично од Бафет, а на прашањето „зошто“ легендарниот инвеститор одговара само „бидејќи ми се допаѓа“. Сепак, тој откри и што го привлекува кон компанијата од Купертино.

„„Apple“ ми изгледа како компанија која има производ кој многу привлекува, производ од огромна корист за луѓето кои го користат“, забележува тој, цитиран од „CNBC“.

Станува збор за смартфонот на „Apple“ – „iPhone“, чија продажба генерира над половина од приходите на компанијата. Самиот Бафет не поседува „iPhone“, но тоа не му пречи да се обложува на успехот на производот.

Покрај тоа инвеститорот го пофали и сегашниот извршен директор на „Apple“ – Тим Кук, велејќи дека наследникот на Стив Џобс прави „голема работа“.

Со најновото купување, средствата на „Berkshire“ во „Apple“ изнесуваат около17 милијарди долари, отстапка е само позицијата на компанијата во „Coca Cola“. Акциите во сопственост на компанијата на Бафет, претставуваат 2,5% од капиталот на „Apple“. Сепак инвеститорот прецизира дека „Berkshire“ не купува нови акции во „Apple“ по објавувањето на финансиските извештаи на технолошкиот гигант на крајот на минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП