26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Brexit ќе чини реалeн пристап до ЕУ

Бундесбанк: Brexit ќе чини реалeн пристап до ЕУ

bb_1

Водечки член на германската централна банка Бундесбанк смета за малку веројатно дека Британија ќе го задржи својот целосен пристап до внатрешниот пазар на ЕУ за финансиските компании по излегувањето од Унијата.

„Многу компании се надеваат за еквивалентен договор како замена на т.н. Европски пасош, но тоа е малку веројатно да се случи“, изјави во Лондон за „Ројтерс“, Aндреас Домбрет, член на Извршниот одбор на Бундесбанк.

Тој предупреди дека еден преоден период за трансферот на банкарските операции од Лондон надвор може да биде политички тешко достигнување, дури и ако во тоа би имало економска смисла. „Иако економската политика ќе игра важна улога во преговорите, ние не треба да се доверуваме на тоа дека економскиот разум ќе биде водечкиот принцип на преговорите“, појасни уште Домбрет.

Покрај тоа финансиерот кој работел за големи меѓународни кредитори како „Deutsche Bank“ и „JPMorgan“, бил скептичен за тоа дали еден еквивалентен договор би било основа за долгорочно решение за компаниите за тоа каде би требало да им биде седиштето. „Еквивалент е нешто различно од пристап до заедничкиот пазар“, истакна тој.

Под еквиваленцијата се подразбира заемно признавање на релевантните регулативи за надзор и регулација на банките меѓу ЕУ и трети земји.

Јасен судир со ЕУ би ставил крај на улогата на Лондон како врата кон финансиските пазари во Европа, рече уште Домбрет. Според него, многу банки веќе размислуваат за преместување на седиштата во ЕУ. Евентуалните договорени преодни периоди би можеле да помогнат на финансиските компании, но тоа е политичкот чувствително прашање во преговорите, смета тој.

Претходно британскиот премиер Тереза Меј соопшти дека Велика Британија има намера да излезе од внатрешниот пазар и царинската унија и наместо тоа да договори договор за слободна трговија со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП