26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Каков ќе е просечниот животен век во 2030-та година?

График на денот: Каков ќе е просечниот животен век во 2030-та година?

starost grafik 00

Демографските прогнози воопшто не се лесни за подготовка. Научниците користат податоци за смртноста, за да го проценат можниот животен век на луѓето. ОН, Светската здравствена организација (СЗО) и други презентираат периодични прогнози, кои се релативно слични, коментира „Economist“.

Богатите држави како Јапонија, Швајцарија и Австралија имаат највисок животен век, иако оценките варираат во зависност од методологијата. Новото истражување меѓу 35 богати земји, овластено од страна на научниците во „Imperial College London“ и од „СЗО“ и објавено во медицинскиот журнал „Lancet“, користи комбинација од 21 статистички модели наместо само еден. Според авторите резултатите се посигурни. Но и изненадувачки.

Според нив до 2030-та година во Јужна Кореја должината на животот ќе се продолжи најмногу како кај мажите така и кај жените. Девојка родено во 2030-та година таму, најверојатно ќе живее над 90 години – 7 години подолго, ако се родила во 2010-та година, а се очекува мажите пак да живеат над 84 години.

Правецот на Јужна Кореја е извонреден. Годишниот бруто домашен производ (БДП) по глава на жител е над 20 пати поголем во споредба со 1960-та година, а со тоа е подобрено и здравјето на нацијата. Покрај тоа, земјата успева силно да ја намали смртноста, смртните случаи како резултат на инфекции и болести поврзани со висок крвен притисок, кои ги вклучуваат кардиоваскуларните заболувања и инфарктите.

Уделот на Јужнокорејците со висок крвен притисок е помал од делот во секоја друга земја. Малку граѓани страдаат од дебелина, а нивото на жените кои пушат, останува ниско.

Други земји, за кои се смета дека ќе се претстават добро, ги подобруваат резултатите од слични причини. Дебелината кај жените во Франција и Швајцарија се јавуваат ретко. До 2030-та година унгарските мажи се очекува да живеат во просек со 7 и пол години подолго отколку во 2010-та година, делумно затоа малку од нив користат алкохол или пушат.

Нов Зеланд, Австралија и Канада имаат ниски нивоа на смртност и смртни случаи од сообраќајни несреќи, а во исто време се претставија добро во превенцијата и лекувањето на срцеви болести и рак.

starost grafik 01

Авторите сепак очекуваат многу помал напредок на други места. Во помалку богати земји, како Македонија и Србија, просечниот животен век е нисок и не се очекува да стане многу подолг. Шведска и Јапонија исто така најверојатно ќе одбележат слабо продолжување на времетраењето, иако тоа можеби е неизбежно под услов што веќе се лидери во овој поглед.

Најмногу изненадувачки се податоците за САД. Најголемата економија во светот е меѓу петте земји на дното на листата по очекувано продолжување на времетраењето на животот и кај мажите и кај жените. Со животен век од 77 години за мажите и 81 години кај жените во 2010-та година, таа веќе е меѓу најниските во богатиот свет.

Ова делумно се должи на фактот дека САД е единствената земја во ОЕЦД, која нема здравство за сите, што значи дека здравјето на посиромашните е полошо. Покрај тоа, земјата има највисока смртност меѓу родилките и децата, па помалку луѓе реално достигнуваат старост. Високите нивоа на дебелината и на убиства дополнително го намалуваат траењето на животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП