26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусите ја испратија новата „лада“ на германскиот пазар

Русите ја испратија новата „лада“ на германскиот пазар

Lada-Vesta-articleDetail-bf8e8d06-967231

Рускиот производител на автомобили Автоваз започна со продажба на новата „лада“ на германскиот пазар.

„Моментално повеќе од 200 автомобили се извезуваат во Германија. Почетната цена е околу 12.500 евра за модел со рачен менувач, додека автоматикот ќе чини 13.300 евра“, соопштија од Автоваз.

Овој модел на „лада“ е посебно опремен за потребите на германскиот пазар.

Автомобилот е долг 4,410 мм, широк 1,764 мм, а висок 1,497 мм.

Меѓуосовинското растојание од 2,635 мм гарантира комфорт на патниците кои се превезуваат на задните седишта.

Менувачот е петтостепен, позајмен од Рено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП