26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Словенија 1.030 евра

Просечната плата во Словенија 1.030 евра

slo

Просечната месечна нето плата во Словенија минатата година изнесувала 1.030 евра, што е за 1,8 отсто повисока во однос на претходната година.

Просечната месечна бруто плата минатата година изнесувала 1.584,66 евра и била за 1,9 отсто повисока од минатата година, објави словенечкиот завод за статистика.

Разликата на приходите во јавниот и приватниот сектор не се значително променети- во јавниот сектор просечната нето плата изнесувала 1.185,60, а во приватниот 950,65 евра.

Највисоки месечни плати имале вработените во енергетскиот сектор, банките, осигурителни компании, менаџментот на здравствените установи и во државниот врв.

Гледано по региони, највисоки примања имале во централниот регион на Љубљана, каде лани просечната плата изнесувала 1.118,06 евра, што е за 8,5 отсто над националниот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП